ПЕНДАРОВСКИ И СОПРУГАТА ЗАЕДНО СО МЛАДИТЕ ОД „ДОЗА СРЕЌА“ ЈА НАКИТИЈА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА
Претседателот Стево Пендаровски и сопругата денеска ја накитија новогодишната елка во Канцеларијата на претседателот, за што помош имаа од младите од „Доза среќа“.
„Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Матеј, Стефан, Ана-Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб – Канцеларија на претседател. Заедно со Кристијан се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од “Трисомија 21”. Празниците може да почнат“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ споделувајќи фотографии од китењето на елката.
Извор: Макфакс