|

Антикорупциска побара кривично гонење на Мојсовски поради злоупотреба на системот за финансирање спортски клубови

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.

Според анализите на ДКСК годишно на овој начин во спортот по разни основи се трошат околу една милијарда денари, но АМС нема никаква отчетност како ги доделува и како се трошат овие средства.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека тие не се против доделување средства на клубовите, туку да се направи праведен систем без фаворизирање.

-Не гледаме дека сите препораки кои го дадовме се правилно применети, така што јасно е дека овој систем не дава соодветни резултати. Се надевам дека овие податоци ќе бидат доволна основа за законски измени кои ќе изградат праведен систем, порача Ивановска.

ДКСК изрази и загриженост за тоа што со законските измени од јануари минатата година, членовите на централната Комисија се именуваат по предлог на Владата без да се утврдеат критериуми за нивниот избор.

Слични Објави