| | |

Апел за бојкот!

Пишува: Владимир Перев*

Поминаа повеќе од триесет години од “новото време“ а македонските бугари опстојуваат на територијата на РС Македонија со неостварени човекови права. Ветувањта за слобода во јавниот живот и еднаквост во општеството, останаа онаа истата нереализирана магловита идеја за “братството и единството“ на југословенските народи, идеја која се распадна во крв, за конечно да остане во калта на општествената меморија.

Повеќе од триесет години опстојуваат две ревитализирани “бугарски“ организации на Балканот. ВМРО ДПМНЕ во Скопје и ВМРО СМД во Софија. Онаа во Скопје се криеше зад интернационалните излитени повици за еднаквост и правда, а онаа во Софија се претвори во меркантилно трговско здружение…и двете со изоставените прозападни демократски позиции на михајловистичката ВМРО, двете со тежок сталинистички привкус. Единствено Македонскиот научен институт остана на браникот на слободата, но научната слобода е слаба утеха на понижените.

Македонските бугари прво ја бараа утехата и поддршката во “жолтата куќа“ на ДПМНЕ во Скопје, за потоа да се пожалат во софиското СМД. Беа изложени на насилие, а бруталните елементи на насилната македонистичка политика кон нив се покажаа за време на атентатот на председателот Глигоров, како и за чествувањата на лобното место на Мара Бунева. За времето на истрагата за атентатот врз Глигоров, македонската Служба за државна безбедност дејствуваше со таква бруталност и тоа единствено кон бугарите во Македонија, каква што не била видена овде, уште од времето на првите повоени години. Вториот пат пак, млади насилни групи, насочени и потикнати од шовинистичката и безумна политика на Никола Груевски, ги тепаа старците, поклоници на делото на Бунева, на Кејот на Вардар. Овие стари луѓе се жалеа во софиското СМД дека македонската власт ги тепа, таму формално ѝм ветуваа заштита, за потоа да бидат изоставени, за уште посилно да се засили насилието над нив и нивните семејства, во нивната родна Македонија…типичен софиски стерилен патернализам! И така сѐ до бескрај, до физичкото заминување на последните кои имаа спомен и чувство за изминатата историја.

Пресврт во ситуацијата се почуствува од јавно изнесените ставови на Президентот на Бугарија Румен Радев, потоа од позициите на бугарското Министерство за надворешни работи (Е. Захариева, Т. Генчовска и М. Габриел) а најмногу по Рамковата позиција по однос на проширувањето на ЕС и процесот на стабилизација и асоцијација за Република Северна Македонија и Албанија од 09.10.2019.

Овие денови, сите партии од македонскиот блок говорат за “бугарски диктат“ и дека нема, само на бугарите нема да им се дадат нивните уставни права. И двата блока на македонските партии, како и некои придружни елементи, заговараат насилие над граѓаните со бугарска самосвест, над оние кои повеќе од илјада години имаат гробови на предците на сопствената македонска земја.

Граѓаните на Македонија со бугарска самосвест не треба да дозволат, со нивните гласови да се избере парламент и влада со расистички, нацистички и фашистички поглед, кој ќе ја определи иднината на Македонија. РС Македонија е ЗАРОБЕНА ДРЖАВА од една малубројна и насилна елита, инсталирана во сите партии, која своето опстојување на политичката сцена и своите привилегии, ги гледа само низ призмата на неприфаќање на европските вредности, промовирање антиевропска политика и погледи упатени кон Москва и Белград. Да, Москва и Белград се последниот бастион на распаднатиот македонизам и насилното владеење врз народите на оваа територија! Судбината на македонските бугари е со трагично минато во последниве стотина години и во гротескна ситуација денес-растргнати сме меѓу оние кои не можат да ги исполнат ветувањата за нашата рамноправност во македонското општество и оние кои го одрекнуваат воопшто нашето постоење на оваа територија.

Затоа, ги повикуваме сите граѓани на Македонија со бугарска самосвест, без разлика дали имаат или немаат документи за бугарско граѓанство, само врз основа на својата свест и совест, ДА НЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ГЛАСАЊЕ И ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС, за НИТУ ЕДНА ОД ПАРТИИТЕ кои се борат за парламентарно мнозинство, за НИТУ ЕДЕН/НА ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ КАНДИДАТ(К)/И ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА, затоа што никој од нив не ја заслужува нашата доверба!

Ги повикуваме и сите потомци од Левицата на старото ВМРО, без разлика на нивните поранешни или сегашни про-социјалистички убедувања, да се приклучат кон актуелните и традиционалните патриотски дејанија на Михајловистичката ВМРО, единствена останала во Македонија и да застанат рамо до рамо со со оние кои останаа да го бранат бугарскиот идентитет и правата на бугарите во РС Македонија…да се приклучат кон БОЈКОТОТ!

Погледајте ги само фотографиите и биографиите на идеолозите и зачетниците на нашата државност, без разлика на која идеолошка позиција се наоѓале. Погледајте ги д-р Христо Татарчев, Тодор Александров, Иван Михајлов, Јане Сандански, Јордан Чкатров, Арсени Јовков, Наум Томалевски, Георги Баждаров, Мишел Герџиков и другите…а сега погледајте ги билбордите со ликовите и несоодветните изјави на тие кои треба да нѐ водат во иднината. Слушнете ги нивните нескопсани, бледи, нејасни и конфузни изјави за иднината на нашата татковина. Тие ќе бидат творците на следната македонска национална катастрофа.

Да бидеме единствени и да покажеме пред светската јавност, дека СИТЕ НИЕ-михајловисти, санданисти, федералисти и социјалисти и анархисти, сме заедно во одбраната на бугарската национална припадност на нашите предци!

Јордан Чкатров, Иван Михајлов и Михаил Герџиков

Да застанеме ЗАЕДНО и на светот да му ги покажеме насилните методи и недемократичноста кон определената уставно непризната бугарска националност во РС Македонија! Да го посочиме злосторничкиот КОРУПТИВЕН ХИБРИДЕН РЕЖИМ, толку често споменуван од меѓународната заедница.

САМО ТАКА ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ “ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ“!

ДОСТА Е ВЕЌЕ ПОНИЖУВАЊА И ЛАЖЕЊА ЗА НЕКАКВА НАВОДНА ДЕМОКРАТИЈА! Демократијата треба да биде привилегија на целото општество, на сите општествени слоеви и сите националности и етникуми во една држава.

САМО ТАКА ЌЕ ЈА СПАСИМЕ НАШАТА ТАТКОВИНА КОЈА ПРЕД НАШИ ОЧИ ПОНИРА ВО АВТОРИТАРИЗАМ, ФАШИЗАМ И РАСИЗАМ!

МНОГУ СМЕ И МОЖЕМЕ, АПСТИНЕНЦИЈАТА Е НАШИОТ ОТПОР!

БОЈКОТ, АПСТИНЕНЦИЈА, БОЈКОТ!

*Редакцијата на Трибуна.мк , согласно принципите во новинарството, ја подржува позицијата на нашиот редовен колумнист В. Перев

Слични Објави