АПЕЛАЦИЈА: ЈАНЕВА ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Апелацискиот суд денеска и официјално донесе одлука дека Катица Јанева останува во Шутка, јавува Алсат М.
Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена. Но апелациските судии се воделе до фактот што сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредено поблага мерка.