Бугарската кошаркарска ѕвезда Александар Везенков беше претставен и официјално како нов играч на НБА тимот Сакраменто Кингс
“Тоа е многу важно за мене, многу сум среќен и возбуден. Тоа беше важна одлука за мојата кариера. Многу сум среќен што сум во Сакраменто. И благодарам на целата организација бидејќи во последната година патуваа во Европа, тие ми ја покажаа својата желба да ме земат. Не сакам многу да зборувам, повеќе сакам да се покажувам на теренот“. Ова го изјави бугарската кошаркарска ѕвезда Александар Везенков при неговото официјално претставување како играч на Сакраменто Кингс.
Везенков беше претставен лично од генералниот директор на тимот, Монти Мекнер пред медиумите во Сакраменто. Мекнер, кажа ласкави зборови за бугарскиот спортист број 1 за 2022 година.
„Тој ќе вклопи во тимот и ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели. Има одличен удар има физика, коефициент на интелигенција, победник е, шампион на Грција, МВП на Евролигата. Благодарам на родителите на Саша. Се надеваме дека Саша ќе биде важен дел од нашите идни успеси“, рече Мекнер.
Целиот напис прочитајте го во БГНЕС