| |

Борел: Проширувањето на ЕУ се заснова на исполнување на критериуми

Проширувањето на ЕУ е процес заснован на исполнување критериуми, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по завршувањето на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ во шпанскиот град Толедо, јавува БГНЕС.

„Една земја ќе стане членка кога ќе ги исполни сите услови, но важно е да се даде политички поттик на процесот“, посочи Борел, додавајќи дека Унијата треба да се подготви за процесот на прифаќање нови земји-членки.

Борел нагласи дека поставувањето временска рамка за проширување може да ја мобилизира енергијата на ЕУ и земјите кандидати за членство.

„Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто така и земјите од Западен Балкан. Но, поставувањето временска рамка може да ја мобилизира нашата енергија и енергијата на земјите кандидати за членство“, рече Борел, додавајќи дека војната во Украина има несакан ефект на забрзување на процесот на проширување.

Слични Објави