APPLE СТАНА ПРВАТА АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД 1 ТРИЛИОН ДОЛАРИ

/

Американската компанија Apple стана првата компанија на американската берза, што помина вредност од 1 трилион долари.  Производителот на iPhone го достигна тоа откако неговите вредноста на една акција изнесуваше 207,04 долари. Иако некои експерти мислеа дека Apple (AAPL) има потреба од нов производ за да ја задржи продажбата и профитот во подем, Apple го надмина нивото од 1 трилион благодарение на солидната продажба на iPhone 8 и iPhone X – во Кина и Јапонија – и зголемените приходи од услугите, што се нудат од App Store.

Амазон, Google  и Мајкрософт исто така достигнаа рекордно високо ниво оваа година. Амазон вреди околу 900 милијарди долари, додека Google и Microsoft вредат повеќе од 800 милијарди долари.

 



Претходна статија

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА ВОДА ТЕЧЕ ОД КРАТОВСКИТЕ ЧЕШМИ ПОЗНАТИ ПО „ДОБРАТА ВОДА“ (ВИДЕО)

Следна статија

ВИДЕО: БОРИСОВ: ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА И ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Најново од Вести