|

Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје потпишан од Шилегов

Новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје, дознава „Фокус“.

За ова се очекуваат повеќе детали на најавената прес-конференција во 13:30 часот.

Украсувањето ќе чини 243.000, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“.

Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик, кој беше објавен во септември.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави