| |

(Видео)Нешков: Власта и опозицијата во РС Македонија очекуваа дека и покрај се Бугарија ќе мавне со рака и ќе рече „Ајде да ги пуштиме“

„По приемот на земјава во НАТО, власта во РС Македонија си помисли дека сите врати се отворени, вклучително и за ЕУ, рече Љубчо Нешков, сопственик на бугарската информативна агенција БГНЕС во емисијата „Директно во вестите“ со Стефан Кунчев.

Нешков истакнува дека во лични средби во Скопје со претставници и на владејачката партија и на опозицијата, предупредувал дека доколку не се најде решение за спорните прашања со Бугарија, одложувањето на стартот на преговорите за влез во ЕУ ќе биде гарантирано. Одговорот што го добил од сите е дека Бугарија во последен момент ќе мавне со рака и ќе рече „Ајде да ги пуштиме!“.

Како ги толкувате зборовите на вицепремиерот за европски прашања на Република Северна Македонија Никола Димитров: „Бугарското вето не е само за нас, туку и за европската политика на Балканот и македонско-бугарското пријателство?
Дали Бугарија треба да биде загрижена за политичките тензии во Република Северна Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ, партијата која победи на локалните избори во северна Македонија, бара укинување на договорот од Преспа со Грција и враќање на старото име на државата. Што да очекуваме?

Одговорите на сите овие прашања погледнете ги во видеото со гостувањето на Љубчо Нешков, во емисијата „Директно во вестите“ со Стефан Кунчев.



Слични Објави