Министерството за надворешни работи на Бугарија го осуди насилството врз силите на КФОР во Косово
Бугарија категорично го осудува насилството врз силите за стабилизација на НАТО во Косово (КФОР) и изразува целосна солидарност со ранетите војници. Ова го напиша Министерството за надворешни работи на Бугарија во социјалната мрежа Твитер.
„Ги повикуваме сите страни на деескалација. Спроведувањето на договорите постигнати со посредство на ЕУ останува единствениот пат напред“, велат од Министерството.
Во врска со протестните демонстрации и ескалацијата на социјалните тензии во последните денови на Косово, силите за стабилизација на НАТО извршуваат задачи за обезбедување ред и безбедност на подрачјето на Северно Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Во операцијата на НАТО на Косово во моментов учествуваат до 35 бугарски воени лица кои извршуваат задачи поврзани со поддршка за подобрување на безбедноста.
