| |

Бугарско државно знаме долго 30 метри направија децата од 78-ма детска градинка во Софија

Во пресрет на Националниот празник на Бугарија – 3 март, децата од 78-ма градинка „Детски свет“ во Софија изработија бугарско знаме долго 30 метри, известуваат од општина Софија.

За таа цел, децата од подготвителните групи на предучилишната установа користеа повеќе од 30 метри хартија, бои и четки.Со помош на нивните наставници децата работеле цели две недели.

Денеска во дворот на градината знамето го кренаа децата кои заедно рецитираа патриотска поезија и пееја патриотски песни.



Слични Објави