|

Aрсовска го разреши Саит Саит од позицијата Директор на Улици и патишта, на негово место доаѓа Ќамил Ковачи

Саит Саит, од денес е разрешен од позицијата Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи, објави Град Скопје.

Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај.

Во известувањето на Град Скопје се наведува дека продолжуваат да работат во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно.



Слични Објави