|

Арсовска избрана за претседател на Форумот на градоначалници што се одржа во Обединетите Нации

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска е избрана за претседател на Форумот на градоначалници што се одржа во Обединетите Нации во Женева, Швајцарија.

За потпретседатели на Арсовска се избрани градоначалниците Рикардо Рио од Брага, Португалија и Сузан Aиткин, од Глазгов, Велика Британија.

„Годинава за прв пат како официјално тело во рамки на Обединетите нации, исклучителна чест претставува фактот што Арсовска беше избрана како претседател и ја доби добербата преку директно гласање на Форумот во кој учествува по еден градоначалник од секоја држава од Пан-европскиот регион, Северна Америка, Африка, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток“, велат од Град Скопје.

Арсовска заедно со нејзиниот тим ќе учествуваат директно во формирањето на програмата на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиштето на Обединетите Нации, и преку усвојување на декларации ќе учествуваат во креирање на меѓународните политики за локалните власти.

„По изборот на Град Скопје за Европскa престолнина на културата 2028 ова претставува уште еден огромен успех на меѓународна сцена за градот. Како на домашен така и на меѓународен план Град Скопје продолжува да работи на остварување на заложбите и програмските определби за оставарување на проектите кои се дел од програмата ‘За модерно Скопје’“, додаваат од прес-службата на Градот.

Слични Објави