АРСОВСКИ: НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ИМАЛЕ И ДРУГИ БОЛЕСТИ

На прашањето зошто здравствените власти сè уште не ја објавиле листата со резултати за смртноста на  пациенти со Ковид-19, владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција рече дека властите имаат целосен увид и дека таа ќе бидат објавена наскоро.

loading...

„Повеќето од овие пациенти имале други болести кои дополнително ја влошиле нивната состојба. 90 проценти од сите пациенти кои починале имале барем едно до две други болести, што го влошило нивното здравје. Најчестите болести што ги имале овие пациенти инфицирани со Ковид се кардиоваскуларни болести, дијабетес. заболување на бубрезите, заболување на белите дробови. Дел од пациентите имале напреднат карцином или биле подложени на сериозна операција, по што починале“, рече Арсовски.



loading...