Арсовски: Ова е најнедомаќинска Влада, потрошила 2,5 милиони евра за луксузни автомобили

/

Владата предводена од коалицијата СДСМ – ДУИ е најнедомаќинската Влада досега, а која покрај лошото тековно работење, за време на ковид – кризата, како и потоа во економската криза, потроши милиони и милиони евра, пари на граѓаните за свој луксуз и луксузирање, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, особено потенцирајќи дека во ек на ковид и економската криза Владата потрошила над 2.5 милиони евра за автомобили. Арсовски рече дека половина од тие автомобили биле луксузни, со цени над 30.000 евра, недостижни автомобили за просечниот граѓанин и тоа, како што нагласи, за два свои животи.

Тој нагласи дека во тој период македонската економија тонеше, компании се затвораа зашто немаа помош и поддршка од државата, од работа беа отпуштени голем број граѓани кои не добиле помош од државата.

„Срамота е Владата да говори дека е домаќинска, а да менува автомобили на секоја година и тоа коли, луксузни лимузини кои што вредат над 30.000 евра по автомобил. Ова е најнедомаќинската Влада која што воопшто функционирала“, рече Арсовски.

Тој нагласи дека десетици илјади евра биле потрошени на услуги за перење на автомобили, што според него значи дека им е удобно да седат во луксузните автомобили и секој ден да ги перат, но како што додаде, не им е удобно да им помогнат на граѓаните кои живеат во тешки услови.

Арсовски наброја трошоци на Владата за телефонски услуги, за нови автомобили, за подароци, кафиња, цвеќиња, канцелариски луксузен мебел…



„Ова е најрасипничката Влада која што воопшто раководела со Република Македонија. Секогаш да знаете дека кога велат дека им помагаат на граѓаните и на стопанството, да знаете дека лажат и дека единствено што направиле е само да трошат пари на граѓаните за свој сопствен луксуз и луксуз на функционерите од СДСМ и ДУИ“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.



Претходна статија

Додека цел регион го дрма криза кај нас паѓа цената на горивата, а растат пензиите

Следна статија

Реизбрани пет обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Најново од Вести