АРТАН ГРУБИ ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА ЗА ПОПИСОТ СО СЕКРЕТАРИТЕ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ, АЛТЕРНАТИВА, БЕСА И ДПА

Првиот вицепремиер Артан Груби, воедно и организационен секретар на ДУИ за попладнево закажал средба со секретарите на албанските политички партии, Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и ДПА. Тема на средбата требало да биде Пописот 2021. Сепак, истата е откажана од страна на Груби, поради тоа што останатите партии не го потврдиле своето учество на оваа средба.

loading...

-Од причина што ние како политички субјект, како и коалиција веќе формиравме штабови за сензибилизација на граѓаните за процесот на попис, сметаме дека таквиот состанок доцни и истото требаше да се случи кога сме побарале, т.е. пред усвојување на законот каде ќе се дискутираше и беа земени предвид нашите забелешки, вели за „Слободен печат“ Скендер Реџепи од Алтернатива.



loading...

Извор: zoom.mk