АСФАЛТ ЗА УЛИЦИ ВО ШЕСТ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО КОЧАНИ
Наскоро ќе започнат градежните активности за асфалтирањеулици во селата Прибачево, Мојанци, Грдовци, Долни Подлог, Горни Подлог и Тркање.
–Општина Кочани веќе го склучи договорот со изведувачот, „Коп инженеринг“ од Студеничани, по што идната седмица планираме воведување во работите – соопштија од Одделението за уредување на градежно земјиште.
Улиците се со должина од 100 до 190 метри и сите се со ширина од 3 м, со веќе изведена водоводна и фекална канализација.
За изградбата на овие улици се наменети 2 милиона 672 илјади денари од Буџетот на Општина Кочани.
