|

Авионот на Луфтханза за Франкфурт принудно слетал во Загреб, откажал моторот на височина од 11.000 метри

Авион Ербас А321 НЕО (A321-271NX) на германскиот авиопревозник Луфтханза на лет од Тел Авив до Франкфурт принудно слета на аеродромот во Загреб утрово во 7:43 часот по локално време.

Екипажот на авионот прогласи вонредна состојба во воздушниот простор на Босна и Херцеговина и побара контролата на летање да се пренасочи кон Загреб, објави порталот АвиоРадар.

За време на летот на височина од 36.000 стапки (11.000 метри) дошло до дефект на моторот број два (моторот сместен на десното крило) поради што тој бил исклучен.

Станува збор за моторите на Pratt & Whitney, модел PW1000G.

Итната помош го пречекала авионот на аеродромот во Загреб, но немало потреба од нивна интервенција.

Слични Објави