ВО ТУРКМЕНИСТАН ЈА ЗАБРАНИЛЕ УПОТРЕБАТА НА ЗБОРОТ КОРОНАВИРУС

/

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот речник. Според активистите за човекови права во земјата тоа се прави за да се сокријат вистинските податоци за пандемијата.

Тие велат дека на сите медиуми во нивната земја им е забрането да го користат зборот во своите материјали. За коронавирусот не се пишува ниту во официјалните брошури што Министерството за здравство на Туркменистан ги дистрибуира до училиштата, болниците и различните агенции.

Граѓаните кои шетаат по улиците со маски и зборуваат за пандемијата на коронавирусот ширум светот, ризикуваат да бидат уапсени.



Претходно, претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов ги советуваше граѓаните да се заштитат од вирусот со стариот народен лек , степската билка седефче (Peganum harmala). Тој наредил билката да се користи за дезинфекција на јавни места во земјата.

Претходна статија

ШТИПЈАНЕЦ СО НАЈСКАПА ФРИЗУРА, МОЖЕ ДА ГО ЧИНИ 5000 ЕВРА

Следна статија

ЕК ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 48 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИСТРАЖУВАЊА НА КОВИД-19

Најново од Вести