ЕК ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 48 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИСТРАЖУВАЊА НА КОВИД-19
Европската комисија денеска соопшти дека ќе обезбеди дополнителни 48,5 милиони евра за 18 проекти за истражувања на болеста СОВИД-19. Финансирањето ќе биде од програмата „Хоризонт 2020“.
Во оваа прилика, комесарот Марија Габриел забележува дека истражувањето ќе им помогне на лекарите побрзо да го откриваат COVID-19 и со тоа да го ограничат ширењето на епидемијата. Според нејзините зборови, ова е уште еден придонес на ЕУ во потрагата по решение за сузбивање на ширењето на болеста.
Претставник на ЕК изјави дека на територијата на ЕУ се спроведени тестови за ефектите на лекот хлороквин против „Ковид-19“, но засега нема докази за позитивен ефект на лекот, покажуваат податоците на Европската агенција за лекови.
