АВСТРИЈА ГИ ЗАТВОРИ СВОИТЕ АЕРОДРОМИ ЗА МАКЕДОНИЈА И УШТЕ 17 ЗЕМЈИ

Австрија забрани слетување на авиони на своите аеродроми од сите земји од Западен Балкан. Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји на Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетаат на австриските аеродроми.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Скопје, Софија, Тирана и Варна.