ВУЧИЌ ГИ ПОЧНА КОНСУЛТАЦИИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА НОВАТА СРПСКА ВЛАДА

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со претставници на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“, предводени од Шаип Камбери и со тоа ги започна консултациите за формирање на новата српска влада.

Во наредните денови, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија мандати на изборите – на СВМ, СПС, СПАС, Партијата за правда и помирување и СНС.