Австрија го повлекува ветото за членството на Бугарија и Романија во Шенген
Австрија го повлекува ветото за полноправно членство на Романија и Бугарија во Шенген зоната, соопшти австриското МВР, пренесува БТА. Ројтерс го цитираше австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер дека Австрија ќе го направи следниот чекор на Советот за правда и внатрешни работи. Советот ќе се состане во четврток и прекинот од 1 јануари 2025 година на проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија ќе биде прва точка на дневниот ред.
Карнер истакна дека барањата на Виена за справување со илегалната имиграција доведоа до намалување на мигрантите фатени во близина на границата на Австрија со Унгарија. „Нема да го искористиме нашето право на вето“, изјави портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи за АФП.
Романија и Бугарија, кои се членки на ЕУ и НАТО, делумно се приклучија на Шенген по воздушен и морски пат во март по договорот со Австрија, која првично се спротивстави на нивното приклучување, тврдејќи дека двете земји треба да направат повеќе за да се спречи илегалната имиграција.

