|

Австрија ја запира помошта за Палестинците

Австрија објави дека ја прекинува помошта за Палестинците во вкупен износ од околу 19 милиони евра за неколку проекти. Тоа е одговор на нападот на Хамас врз Израел.

Ова утрово го соопшти австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. Во последните години, имено, владејачките конзервативци зазедоа една од најпроизраелските позиции во Европската унија. Израелското знаме беше подигнато над канцеларијата на канцеларката и Министерството за надворешни работи по шокантниот напад на Хамас започнат од Појасот Газа во саботата.

„Размерите на теророт се толку страшни што не можеме да се вратиме на вообичаеното работење. Затоа, засега ќе ги замрзнеме сите плаќања од австриската развојна соработка“, изјави Шаленберг за радиото ОРФ. Шаленберг не направи разлика помеѓу Газа, палестинска енклава со која управува Хамас, и многу поголемиот Западен Брег, кој е управуван од Палестинската управа поддржана од Западот и предводена од претседателот Махмуд Абас, чие движење Фатах му се спротивставува на Хамас.

Веста за суспензијата на австриската помош доаѓа додека соседна Германија вчера расправаше дали да ја замрзне помошта за Палестинците по нападот на Хамас, при што министерката за развој Свења Шулце од владејачките социјалдемократи рече дека владата секогаш внимавала парите да се користат само за мирни цели.

Слични Објави