| |

AВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО 35-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ

Во утринските часови на 10 февруари во полиција било пријавено дека на крстосницата од улиците Васил Ѓоргов и Шарски одред во Скопје, автомобил „фиат типо“, управуван од М.Т. (65) од Скопје, удрил во 35-годишен пешак со иницијали Б.Т.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки повреди и бил итно пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата извршила увид на местото на незгодата.

Слични Објави