Б. ДИМИТРОВСКА ДО ПРАТЕНИЧКАТА ДАНИЕЛА РАНГЕЛОВА: ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП НЕ ЗАВИСАТ ОД НИВНАТА ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛБА

//

Нема да и персирам на г-ѓата Рангелова, туку ќе и се обраќам со „ти“. Со оглед на тоа што услугите од програмата на персонална асистенција се однесуваат на лица со тешка и најтешка инвалидност на возраст од 18-64 год, во која категорија спаѓам и јас,Бранкица Димитровска, истите регуларно и ни следуваат (ова секој го знае освен изледа Даниела Рангелова, пратеник и Претседател на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ која алудира на мојата политичка определба со нејзин коментар на социјалниот медиум Facebook упатен до мене. Истиот можете да го видите на почетната фотографија на мојот напис.

Одам понатаму. Прво, ДА, ке ја поздравам Мила Царовска , бидејки не сум сељачки настроена да не пренесам поздрав, второ и Мила Царовска (па и било кој да е министер) мора да одговори позитивно (а до сега немав никаков проблем од страна на МТСП) согласно програмата за персонална асистенција -без разлика на политичката определеност/неопределеност на лицето корисник на оваа услуга ,се разбира доколку лицето ги исполнува условите од програмата. За жал,поради мојот хендикеп -јас ги исполнив условите од оваа програма на МТСП) Но ти ,Рангелова ова не можеш да го разбереш !!! Очигледно не можеш да разбереш дека партиската определба не е пред основните човекови права, односи и одговорности. Жално и срамота е што на видни позиции не претставуваат вакви луѓе. Ти Рангелова исто така си потпретседател на Интерпарламентарната лоби група за лица со хендикеп ИППЛГ – токму тоа е жално и вие треба да дадете оставка од таа функција. Драга моја Рангелова, токму ти на таа позиција треба да се бориш заедно со нас за правата на лицата со хендикеп -но сето ова паѓа во вода , бидејќи со твојот коментар упатен кон мене алудираш на тоа дека ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ЗАВИСАТ ОД НИВНАТА ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛБА.

Драга моја фарбана плавушо,не знам кој број на жолта боја користиш при изборот за фарбање на твојот црн корен -но очигледно лошо ти влијае. Јас иако во количка и покрај мојот хендикеп со кој гордо се носам со секојдневните предизвици и проблеми, понекогаш многу се гордеам што сум само еден обичен граѓанин. Но после Вашиот коментар доста дискутабилно е и се прашувам дали  вие сте сосема здрави??? И за крај, имам една примамлива понуда до вас- да си ги смениме столчињата !!! Јас вам да ви ја дадам инвалидската количка а Вие мене пратеничкото место, хм? Мене ми е прифатливо а Вам ???

PS: Фустанот од почетната на сликата не доаѓа во комплет со количката, бидејќи е премногу скап за да го поседува личност како вас.

Автор: Бранкица Димитровска

 



 

 



Претходна статија

ЕВРОПРАТЕНИКОТ ОД БУГАРИЈА АНДРЕЈ КОВАЧЕВ СО ПЛАН Б ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ЕУ И НАТО

Следна статија

АЛО МАНГУПИ ОД ИЛИНДЕНСКА бб ДАЛИ СЕ СЛУШАМЕ, ИМАТЕ ЛИ ПЛАН C ?

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното