Институтот за историски студии при БАН организира научна конференција „Западните бугарски покраини – историја и перспектива“
Институтот за историски студии при Бугарската академија на науките (БАН) по повод 100-годишнината од Основачкиот конгрес на Организацијата на бежанците од Западните покраини, организира научна конференција „Западните бугарски покраини – историја и перспективи“. Ова го соопшти тимот на институтот, пренесува БТА.
Конференцијата ќе се одржи на 8 ноември во салата „Проф. д-р Марин Дринов” во централната зграда на БАН.
На форумот, заедно со главната тема, ќе се разговара и за прашања поврзани со минатото на бугарската заедница во границите на денешна Република Србија. Со одбележувањето на стогодишнината ќе биде одбележан и Денот на Западните бугарски покраини.
