Б. ДИМИТРОВСКА ДО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА: „МИСЛИТЕ ЛИ ДЕКА 7.000 ДЕНАРИ Е ВИСОК ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЗА ЛИЦЕ СО ХЕНДИКЕП?“
„Ова е срамно што се случува. Не ги почитувате препораките на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, а сте должни бидејќи таа не вели може и ако сака туку мора, веднаш и сега и таа е влезена во член 118 од Уставот. Мислите ли дека 7.000 денари е висок европски стандард за лице со хендикеп?- праша активистката за правата на лицата со хендикеп Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп плус“ за време на денешната јавна расправа за предлог законот за социјална заштита која се одржа денес во Собранието.
На ваквите критики пратениците од владејачкото мнозинство не можејќи да се воздржат и да се соочат со критиките почнаа жестоко да напаѓаат при што Димитровска демонстративно ја напушти салата на Собранието истакнувајќи дека е разочарана што е навредувана и ѝ дофрлаат пратеници во Собранието каде што демократијата која подразбира различни ставови треба да е на прво место.