НЕ Е ПО ГЛАВАТА ПО ТИЛОТ Е!

Во Прилеп денеска ги исекле палмите. Истите оние палми кои не чинеа милиони евра. Ама па што се неколку милиони за Прилеп. Ништо. Мачкина кашлица. Директорката на ЈКП Комуналец денес во изјава вика суви биле. Поради оваа причина вработените се фатија за работа и ги поткастрија односно исекоа пламите! Да не се разбереме погрешно, не патам за Прилеп ала Лас Вегас. Мене ме погоди еден друг момент. Се некако се продолжува со трошење на пари и тоа на проѕирен, веќе виден и смотан начин. Викам смотан бидејќи прилепчани и те како се свесни за новите трошоци што ќе ги направи сегашната власт за нови дрвја. Колку ќе чини ова задоволство? Се прашувам што може друго да се направи со тие пари? Ама па после низ ЦЕНТАРО КО ЧЕ поминиш абе рај за очи! Вистина убаво е да си го гледаш среден градот ама само ако и ако приоритетните потреби на прилепчани се задоволени.

Се чудите кои се приоритети? Па еве на пример да речеме може да купите средства за дезинфекција на нашата прилепска болница. Или евентуално да земете да вработите некој доктор плус да не ги „позајмуваме” од Битола.
А што мислите за нови болнички апарати? Јас искрено се чудам едно. Ем доктор градоначалник, ем болницата како од Зимбабве. Не дај Боже да се поболиш!
Но сепак вие сте умни, тим на векот, сепак вие знаете што е приоритетно. И вие та и тие пред вас. Ако ме прашате мене јас би платила и курс за однесување и превоспитување на сестрите во болниците кои се однесуваат како шерифи. Сепак вие си знаете. Баш така, најубаво каде и на кој најлесен начин ќе го вкусите прекрасниот мирис на еврата што останале „вишок”!

Палма или Елка, на прилепчани ништо нема да им смени. Но сепак да не се рече дека не сте работеле, продолжете со сечење и пресадување. Па може и нема да ни требаат медицински помагала, чиста болница и доктори. Кога ќе пораснат дрвјата ќе ни се исчисти воздухот и сите ќе сме си здрави, среќни и весели!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова