| |

БАЏАНАКОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ НЕМА ДА ПРОВЕРУВА САМО ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО НА ЌЕРКАТА НА ТАЛАТ ТУКУ И ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ЧЕТИРИ ГОДИНИ НАНАЗАД

Антикорпуциската комисија, каде што заменик претседател е баџанакот на Талат Џафери, Нури Бајрами нема да ги проверува само 18-те сомнителни вработувања на роднини на јавни функционeри, коишто ја вознемирија јавнoста, туку ќе се проверуваат имиња и презимиња на луѓе во државните и јавните претпријатија 4 години нанaзад, како, кога и дали некој ги вработил?
Како што јавуваат медиумите од ЕЛЕМ потврдиле дека за неколку денови ќе одговорат на прашањата на кој конкрус, со какви квалификации, и дали биле најсоодветни кандидати ќерката на Талат Џафери, сестрата на министерот Кресник Бектеши, сопругот на државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, синот на пратеничката Мира Стојчевска, и дедото на генсекот на владејачката СДСМ Александар Кирацовски.

Слични Објави