|

Бајден: Постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје

Американскиот претседател е на пат за Европа, каде што ќе учествува на самитот на НАТО и ќе ја посети Полска. Во пресрет на патувањето, тој накратко ја коментираше можноста Русија да употреби хемиско оружје против Украина.

Тој рече дека тоа е вистинска закана.

„Постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје против Украина“, рече Бајден.

На прашањето што ќе им каже на западните партнери, тој рече дека тоа ќе им го каже лице в лице.

Извор: Temite



Слични Објави