БАКАРНОТО ЛОНЧЕ ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ

Забава Истакнато Магазин Убавина&Здравје

Се сеќавате на бакарните лончиња што ги имаше во секоја куќа, поставени или на коритцето на чешмата во дворот или во креденецот под елементот за сечкање во кујната? Не е возможно да не се сеќавате во што баба ви давала да пиете млеко. Токму тоа бакарно лонче во себе крие лековите својства.

Научниците докажале дека редовното пиење течност од бакарно лонче има многу полезни ефекти по човековиот организам. На пример:

  1. Бакарот убива бактерии;
  2. Ја поттикнува работата на мозокот:
  3. Ја регулира работата на штитната жлезда;
  4. Ни смирува артритичните болки;
  5. Го враќа здравјето на кожата;
  6. Го подобрува варењето на храната;
  7. Го успорува процесот на стареењето;
  8. Лекува анемија;
  9. Го намалува ризикот од рак и срцеви болести.

Толку, има само 9, немаме 10-то, но можеби може да се смета и чувството на топлина и носталгија за времињата одамна поминати кога ќе си столите млеко во лончето во кое баба ви правеше попара пред спиење. Не знаеме за вас, но по статијава веднаш одиме во подрум да го најдеме каде сме го кренале!