НОВАТА СЕЗОНА ИГРА НА ТРОНОВИ СО КРВ ДО КОЛЕНА

Забава Истакнато Магазин

Игра на тронови е шоуто што од сцените со смрт на ТВ направи нешто сосем нормално и прифатливо. Очигледно дека со неповторливиот успех што го постигна на малите екрани, а и заработувачката од милиони долари по сезона, Игра на тронови во голема мера ја разниша ТВ цензурата.

Со оглед на тоа како течеше до сега, од последната сезона на шоуто не може да се очекува нештата да бидат поинакви. Франческа Орси, виш потпретседател на на ХБО, неодамна рече дека осмата сезона од Играта на тронови ќе плива во крв.

Орси неодамна зборуваше за серијата на панелот наречен „Најдоброто од HBO” на конференцијата на ИНТВ во Израел:

„50 милиони долари по сезона никогаш нема да ни стигнат за ова што се обидуваме да го направиме. Ќе одиме до максимум.“

Таа потоа зборуваше за разрабоутвањео на сценариото за последната сезона и увери дека сезоната нема да ги разочара обожавателите:

„Беше навистина импресивен момент. Ниеден од актерите претходно го немаше добиено текстот и на читањето сите, еден по еден, почнаа да паѓаат и да умираат. При крајот на сценариото и тоа поседната реплика измолкна дури и солзи од присутните. Потоа следеше аплауз што траеше 15 минути. ”

Па, знаевме дека ѕвездите плачат за време на читањето, но што се случи со Валар Моргулис? Да не е премногу буквално? Ќе видиме. Исто така, се разговараше и за плановите за спин-оф серии. Орси рече дека со оглед на тоа колку голем хит е Игра на тронови, „се чувствува дека е грев да не се продолжи”, и рече дека HBO планира „три, четири, пет спин-офи” на шоуто .