| | |

КАРЛ БИЛТ ПРЕДУПРЕДУВА: ЌЕ ГИ СНЕМА МАКЕДОНИЈА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Поранешниот шведски премиер Карл Билт предупредува на црно сценарио за Македонија доколку дојде до размена на територии меѓу Белград и Приштина: ќе ги снема Македонија и Босна и Херцеговина.

„Поделбата на Косово повторно би ја отворило дебатата за иднината на Босна, а тука е и уште потешкото и поопасно прашање на Македонија, во која Албанците сочинуваат значителен дел од населението“, пишува Билт за американскиот весник „Вашингтон пост“.

Претседателот на Владата на Шведска од 1991 до 1994 година смета дека тоа што климата на Балканот повторно се вжештува со дискусии за нови поделби остава простор за  геополитичка нестабилност“, бидејќи „Балканот и оонака е премногу балканизиран“.

„Дискретно, српските и албанските политички лидери ја истражуваат можноста да ги помират свопите разлики со размена на територии“, додава тој, наведувајќи неколку опции во оптек.

„Косово би можело да го отстапи подрачјето северно од Ибар, населено главно со Срби, и да стекне дипломатски плусови, а можно е да ги добие и локациите на југот на Србија доминантно населени со албански жители. Српскиот претседател Александар Вучиќ размислуваше во тој правец, а и албанскиот премиер Еди Рама делува приемчив, како што ми рече во текот на разговорите“, пишува Билт.

„Несомнено, мора да се најде компромис меѓу Белград и Приштина, за да се унапредат европските и атлантски интеграции на двете земји. Тоа може да вклучи и поголем степен на децентрализација на српските делови на Косово и може да значи прием на Косово во ОН“, констатира тој, но, според него, тоа е опасно, па Брисел и Вашингтон мораат да се освестат пред тие ризици.

„Постепената интеграција на Србија и на Албанија во ЕУ и во НАТО, сè на база на постоечките граници и ограничувања, е единствениот пат кон трајна стабилност на регионот. Играњето со границите поделбите на Балканот беа опасни во раните 1990-ти и останаа такви и сега“, заклучува министерот за надворешни работи на Шведска од 2006 до 2014 година.

Слични Објави