| |

ВМРО-ДПМНЕ: ИДНИНАТА ШТО ЈА ПОНУДИ СДСМ ПОД ПРЕВЕЗОТ НА „ЖИВОТОТ” Е ИДНИНА САМО ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ И НИВНИТЕ БЛИСКИ

Република Македонија нема иднина со криминалниот картел на СДСМ на Власт, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Иднината што ја понуди СДСМ под превезот на „животот” е иднина само за функционерите на СДСМ и нивните блиски кои секојдневно се вмешани во криминал и корупција. Тоа всушност е нотирано и во извештајот на ГРЕКО, а за жал го виде целиот свет.

Иднината што ја понуди СДСМ е полна со „Криминални иновации”, „Крвави тендери”, крв по улиците и небезбедно општество за граѓаните.

Наместо европско здравство, тие понудија криминални скандали и тендери каде што министерот дели тендери на анонимни фирми и деца, директори делат тендери на своите родители, а смртта кај новороденчињата расте.

Начинот на владеење на СДСМ е претурање на парите на граѓаните од државната каса во џебовите на нивните вицепремиери, пратеници, партиски членови.

Начинот на владеење на СДСМ е хедонизам каде што децата на функционерите одат со службени џипови по одмори, се трошат пари за скапи ручеци и се превезуваат со хеликоптери.

Наместо безбедност на улиците, СДСМ понудија криминал на секој чекор, ослободија над 850 осудени затвореници и ниту едно расчистено убиство откако се на власт.

Наместо иднина за стопанството, СДСМ понудија милионски задолжувања, катастрофална економија и некомпетентни политики кои ги осиромашија граѓаните и фирмите.

СДСМ не ја носи Република Македонија во ЕУ и НАТО, туку носи штетен договор со кој се брише се македонско. Република Македонија не доби покана за ЕУ, доби условена покана за НАТО, единствено доби власт која е најкорумпирана до сега и која ја носи Република Македонија во пропаст.

СДСМ ја потонаа Република Македонија во криминал до гуша, корупција на секој чекор и целата штета од ова владеење на криминалниот картел на власт ја трпат граѓаните.

Со СДСМ, Зоран Заев и неговите луѓе нема иднина за Република Македонија, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави