ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПОТПИШЕ БЕЗБЕДНОСЕН ДОГОВОР СО МАКЕДОНИЈА
Германија следната недела планира да потпише безбедносен договор со Македонија за соработка во борбата против тероризмот и организираниот криминал.
Според германската влада потпишувањето е закажано на 17 октомври.
Разговорите поврзани со безбедноста се уште се одвиваат меѓу германскиот министер за внатрешни работи Хорст Шехофер и неговиот македонски колега Оливер Спасовски.
