|

Османи патува во Вашингтон за Стратешкиот дијалог со САД

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска од Токио патува за Вашингтон, каде што ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, информираат од ресорното министерство.

Од таму потсетуваат дека Северна Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува, како што велат, ваков значаен процес со САД.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи ќе оствари билатерални средби со високи државни претставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк-тенк организации.



Слични Објави