БАЛЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „ЛИБЕРТАНГО“ НА 20 ЈУНИ ВО НОБ

Балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола утре, 20 јуни, со почеток во 20 часот ќе биде одиграна во Националната опера и балет.

„Либертанго“ нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф е Сабрина Боско (Италија), режисер и либретист: Наташа Поплавска, сценограф и костимограф: Александар Ношпал



Настапуваат:
Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова
Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска
Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски
Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска
Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска
3 гангстери и танго-танчари: Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев и Ендру Кук (Англија)
Пјацола дете: Марко Здравковски
Пјацола млад: Ендру Кук (Англија)
Пјацола стар: Драган Кочоски

Извор: Макфакс



Претходна статија

„СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН“ ОД 20 ДО 22 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ

Следна статија

Л. ЈАНЕВА: КОНТАКТИТЕ СО КОЛЕГИТЕ И ПУБЛИКАТА МИ ЈА ПРОВОЦИРААТ ФАНТАЗИЈАТА

Најново од Култура