Балкански мост со поддршка за Љупчо Ѓоргиевски
Здружението „Балкански мост“ од Битола излезе со силна јавна поддршка за Љупчо Ѓоргиевски, кој вчера доби условна казна затвор од една година, откако беше прогласен за виновен од судот во Битола, по обвиненија за ксенофобија, расизам и ширење на расна омраза преку електронски пат.
Во својата објава на социјалните мрежи, од здружението упатија остри зборови кон, како што го нарекуваат, „неправедниот систем“ и порачаа дека нема да отстапат од својата кауза, која ја сметаат за света.
„Продолжуваме напред, ништо не е изгубено. Ако мисли некој дека со ова ќе не заплаши или ќе не запре, многу се излажал. Ние сме силни, затоа што Божјата правда е со нас“, се вели во објавата.
Од „Балкански мост“ додаваат дека ќе останат верни на идеалите за кои, како што велат, се бореле нивните предци, и порачуваат: „Брате не си сам, зад тебе стоиме сите ние и Господ.“
Постот завршува со зборовите: „СЪЕДИНЕНИЕТО ПРАВИ СИЛАТА“ – позната изрека што ја симболизира силата на единството.
