| |

БАН и Берлинско-бранденбуршката академија на науките потпишаа меморандум за соработка

Бугарската академија на науките (БАН) и Берлинско-бранденбуршката академија на науките (BBAW) потпишаа Меморандум за разбирање, кој предвидува заеднички научни проекти, академска размена и заедничко аплицирање за европско финансирање, соопшти БАН.

Документот беше потпишан во рамките на меѓународниот научен форум „Falling Walls Science Summit“ во Берлин, посветен на надминувањето на бариерите во науката и општеството.

Потписници се потпретседателот на БАН, проф. Емануел Мутафов, и претседателот на германската академија, проф. Кристоф Маркшис.

Партнерството опфаќа организирање заеднички меѓународни конференции и симпозиуми, како и академска размена со посебен фокус на младите истражувачи.

Предвидена е и соработка на проекти во области како археологијата, лингвистиката, социологијата, вештачката интелигенција и дигитализацијата.

„Нашите односи се изградени врз принципите на колегијалност, реципроцитет и длабоко меѓусебно почитување. Ова е партнерство меѓу рамноправни – меѓу две заедници со богата историја и јасна визија за иднината“, изјави проф. Мутафов на церемонијата.

Слични Објави