Бдение за празникот на светите браќа исцелители и чудотворци Козма и Дамјан во Црногорскиот манастир во селото Гигинци во Бугарија
На 31 октомври, вторник, во Црногорскиот манастир во селото Гигинци, Бугарија ќе се одржи бдение за празникот на светите браќа исцелители и безсребреници Козма и Дамјан, информира игуменот на манастирот „Свети безсребреници и чудотворци Козма и Дамјан Асијски“ отец Никанор.
Бдението ќе започне од 20 часот бугарско време, а веднаш потоа во 12 часот по полноќ на први ноември ќе се отслужи Божествена света литургија. Во 9 часот наутро на први ноември ќе се одржи празнична цвета литургија, во старата манастирска црква. Празнични трпези ќе бидат поставени во 19 часот бугарско време на 31 октомври и во 12 часот на 1 ноември.

