Бекироски: Агенцијата за лекови открила еден фалсификуван лек

//

Со измените на Законот за лекови и медицински средства, кои веќе се во собраниска процедура, се воведуваат мерки со кои се обезбедува поголема сигурност во квалитетот на лековите што се увезуваат и нивната поголема безбедност.

Дистрибутерите ќе имаат обврска да обезбедат сертификат за квалитет на производот од производителот, сертификат за потврден квалитет од акредитирана и референтна лабораторија и да достават доказ за следливост од самото место на производство до крајното место на испорака.



Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Роберт Бекироски, кој рече дека на тој начин ќе се покрене нивото на сигурност на лековите што се носат со паралелниот увоз. Директорот посочи дека во изминатиот период значително го зајакнале инспекцискиот надзор. (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

Кадриу: Законот за јазици е Уставен

Следна статија

Дарко Костадиновски и Осман Кадриу избрани за уставни судии

Најново од Вести