|

Бектеши: Училиштата на регулиран пазар за непречено одвивање на наставата, јавните здравствени установи ќе ги снабдува ЕСМ по поповолна цена од берзанската

Основните и средните училишта на територијата на цела држава, ќе бидат на регулиран пазар, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините, што значи дека создаваме услови за непречена настава со пониска цена на електрична енергија, за разлика од берзанската цена, која е висока поради воената агресија врз Украина и недостигот на енергенси, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

Дополнително, додаде, сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската.

– Сето ова не може да има негативно влијание, бидејќи основните и средните училишта ќе се пласираат на регулираниот пазар, а клиниките и болниците ќе се снабдуваат од ЕСМ, која се занимава и со трговија со струја по цени кои се достапни за нормално функционирање на клиниките. Општата производна цена на ЕСМ во моментов е некаде околу 70 евра за мегават час, а сигурно и основните училишта и средните училишта ќе се субвенционираат по иста цена од Владата. Тоа важи и за клиниките и за болниците, а во иднина сигурно и за други институции кои се од особено значење за нормалното функционирање на нашата држава, рече Бектеши во вчерашното гостување на емисијата 360 степени на Алсат телевизија.

Нагласи дека ставот на Владата е дека државата мора да обезбеди напречно функционирање на сите основни функции, на здравствениот, како и на безбедносниот систем и подвлече дека сите ние како општеството, така и граѓаните мора да штедиме електрична енергија.

– Сите ние како граѓани, како општество ќе се обидеме да заштедиме струја. Со заштеда на струја се намалува притисокот врз ЕСМ да ги произведува количините што ги троши регулираниот пазар. Тоа е дополнителен начин за поддршка на основните и средните училишта, рече Бектеши.

Извор: zoom.mk

Слични Објави