|

БЕЛГИЕЦ ОСВОИ 107 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЛОТО

Жител на Белгија во вторникот освои  повеќе од 107 милиони евра на европската лотарија „ЕуроМилионс“ (Euromillions), објави прес-службата на лотаријата во средата.

Благодарение на „ЕуроМилионс“ милионери годишно стануваат неколку жители на Белгија. Така, во октомври 2016 година чистач на улици од Брисел освои џекпот од 168 милиони евра, што беше најголема добивка во историјата на кралството. Во 2017 година, двајца други добитници од Белгија на истата лотарија, добија 153 милиони, односно 23 милиони евра.

За прв пат лотото „ЕуроМилонс“ започанало со работа на 13 февруари 2004 година во три земји: Франција, Шпанија и Велика Британија. Во октомври 2004 година, уште шест земји се приклучиле: Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија. Добивките се оданочуваат само во Швајцарија. Еден лотариски билет чини две и пол евра. Вкупно, учесниците на лотарија се околу 200 милиони луѓе.

Според регулаторната комисија надлежна за оваа индустрија, жителите на Белгија само во 2013 година потрошиле 964 милиони евра за коцкање. Во пресметките експертите од комисијата ги сумираат приходите на казината, салите со слот-машини и други објекти со слична содржина.

Во 2017 година, околу 6,5 милиони Белгијци најмалку еднаш уплатиле лото.

 



Слични Објави