| |

Ученик на 12 години од Бугарија доби целосна стипендија за учество во Меѓународен вселенски камп по модел на НАСА во Турција

Дванаесетгодишниот Александaр Јакимов од Русе ќе учествува на Меѓународниот вселенски камп по модел на НАСА во Турција, откако освои целосна стипендија во конкуренција на стотици кандидати од цела Бугарија, јавува БНТ.

Александар го импресионирал жирито со проект на тема „Третиот Бугарин во Космосот, не човек, туку вештачка интелигенција“, посветен на можностите на вештачката интелигенција во идните вселенски истражувања.

„Првично бев многу изненаден и не верував многу. Откако ги проверив резултатите на нивната страница, сфатив дека навистина сум ја добил целосната стипендија“, раскажува Александар.

Неговиот интерес за Вселената започнал уште во раното детство, а денес инспирација наоѓа во книгите на Стивен Хокинг и научнопопуларните емисии на Нил деГрас Тајсон.

„Најинтересна ќе ми биде симулацијата на лет до Месечината. Ме интересира како успеваат да ги направат симулаторите толку реалистични што човек да се чувствува како навистина да е во космосот“, вели младиот ученик.

Александар во иднина се гледа како астрофизичар кој ги истражува тајните на Вселената од една од големите опсерватории во Чиле.

Неговиот татко Ивелин Јакимов вели дека интересот кон ѕвездите се појавил уште кога Александар имал шест години.

„Уште тогаш навечер го гледавме ноќното небо и му раскажував за соѕвездијата и галаксиите. Неговиот интерес беше вистински и искрен и со годините само се продлабочи“, споделува Ивелин Јакимов.

Слични Објави