| |

Бугарија ќе биде претставена на Денот на мултикултурализмот во Канада

Бугарија ќе биде претставена на фестивалот по повод Денот на мултикултурализмот во Канада, кој ќе се одржи на 27 јуни во Memorial Peace Park во Мејпл Риџ, Британска Колумбија, јавува БТА. Настанот ќе трае од 10:00 до 14:00 часот по локално време, а се очекуваат над 5000 посетители, соопшти Бугарско-канадското друштво во Британска Колумбија.

Програмата вклучува културни настапи, традиционални кујни, активности за деца, празникот на боите „Холи“, ревија на народни носии и други содржини посветени на културната разноликост.

Бугарија ќе биде претставена со културен и занаетчиски штанд, а ќе настапат и бугарските танцови состави „Китка“ и „Зорница“.

„Придружете се на овој неверојатен празник на разноликоста, боите и културата!“, порачаа од Бугарско-канадското друштво во Британска Колумбија.

Слични Објави