БЕЛГИСКА ПОЛИТИЧАРКА ПО ГРЕШКА ГО ОБЈАВИ ЦЕНОВНИКОТ ЗА ВАКЦИНИТЕ

ЕВРОПАБелгиска политичарка по грешка го објави ценовникот за вакцинитеОбјавено пред 3 минути – 18 декември, 2020Од Макфакс

loading...

Европската комисија сè уште не објави колку ќе чини доза oд вакцината против коронавирус која ја нарачува во име на земјите-членки.

Цените што неодамна ги преговараше Европската комисија со различни производители се строго доверливи, бидејќи се опфатени со клаузули за доверливост.

Но, вчера попладне, одеднаш се појави твит на белгиската државна секретарка за буџет Ева Де Бликер, кој содржи табела со цените на сите вакцини за кои Белгија се претплатила преку Европската комисија.

Иако твитот беше брзо избришан, белгискиот весник Het Laatste Nieuws (HLN) направи скриншот од сликата на која се прикажани цените.

Познато беше дека цените на вакцините многу варираат, но сега за прв пат точно знаеме колку. Првата вакцина што веќе започна да се употребува во светот, од производителите „Бионтек“ / „Фајзер“, ЕУ ја договорила по цена од 12 евра по доза. Најевтина, пак, е вакцината заеднички произведена од Универзитетот Оксфорд и „Астразенека“. Истата чини 1,78 евра по доза.



loading...

Ова се цените:

Оксфорд /Астразенека: 1,78 евра
Џонсон и Џонсон: 8,50 долари
Санофи/ГСК: 7,56 евра
Бионтек/Фајзер: 12 евра
Кјурвак: 10 евра
Модерена: 18 долари

Извор: Макфакс