БЕЛГРАДСКИОТ САЕМ ПРЕТВОРЕН ВО БОЛНИЦА СО 3.000 ЛЕГЛА, ОДЛУКА ЗА ЛОКАЦИЈАТА ДОНЕЛЕ КИНЕСКИТЕ ЕКСПЕРТИ
Најголемата хала на Белградскиот саем денеска е претворена во болница со 3000 легла.
Како што пишува „Блиц“ на белградскиот саем присутни се воени лица кои од камионите истоваруваат кревети.
Халата претходно служеше за голем број концерти и саеми, па дури и за Европското првенство во кошарка.


Министерот за здравство, Златибор Лончар, истакна дека белградскиот саем не е случајно избран да служи како импровизирана болница што ќе се користи во борбата против вирусот.
„Ние изложивме неколку локации пред кинеските експерти, а тие го избраа Саемот. Мора да има посебен влез за пациенти и персонал и некои други фактори мора да бидат исполнети за да биде безбедно. Тоа е од нивното искуство. Тие беа на Саемот и ќе утврдат точно како ќе функционира, каде ќе бидат влезот и излезот, што ќе се користи, кои се правилата на однесување и ќе ни требаат 48 часа да ги следиме потребните процедури“, објасни Лончар.
Српскиот претседател, Алекдандар Вучиќ најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, кое ќе започне најдоцна до четврток.
Извор: Макфакс
