| |

БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА СВЕТОТ ГОРАТ!

Горат белите дробови на светот, ова е насловот кој што неколку дена ги преплави сите светски весници, телевизии, радија и портали, а пред сѐ владините кабинети од речиси целиот свет.

Амазонските прашуми, кои метафорички се нарекуваат “бели дробови на светот“, нападнати се од пожари кои сериозно ги загрозуваат климатските услови за наредните години. На посебно барање на францускиот претседател Емануел Макрон, се одржа итен состанок на групата Г7, чии земји – членки донесоа одлука со пари и средства да помогнат во итното гасење на пожарите.

Франција е една од државите на кои им припаѓа дел од она што се нарекува Амазонија. Но не само тоа, Франција е, секако, држава со политичка интелигенција и совесна е дека пожарите во амазонските прашуми може да ги проследи природен масакар од големи размери. Нејзиниот претседател изјави: Нашата куќа гори!
Климатските промени што се случуваат пред наши очи ќе земат голем замав после оваа катастрофа која, иако некои држави останаа рамнодушни, ќе ги казни со намалување на количините на животниот елемент, каков што е кислородот.

Овие прашуми произведуваат 20% од кислородот на целиот свет.
Бразилскиот министер за животна средина Рикардо Салес изјави дека причина за пожарот е сувото време, силниот ветер и високите температури, но метеорологот на ТВ каналот Си-Ен-Ен, Хејли Бринк, изјави дека пожарите биле предизвикани од човечки раце и вината не може да им се префрли на природните услови.

И покрај тоа што сме околу 10.000 км далеку од прашумите на Амазон, кислородот ни доаѓа оттаму. Посакувајќи и надевајќи се дека мудрите држави на најдобар начин ќе ја решат оваа неволја предизвикана од човечки раце, забележувам еден интересен факт кој покажува како недостигот на човечка совест е поголем во сиромашните земји.

Така, во оваа наша држава која со едната нога е заглавена во криминал, а другата не ѝ се глада, секојдневно се регистрираат нови рекорди за немање човечка совест. Предводени од толпа шарлатански политичари кои ја злоупотребиле власта, дури преку најмалигната фантазија, тука има толку голема корупција и какистокрација. Тука кај нас има една планина на социолошко, морално, хумано и правно лудило. Тука има депонии кои се палат за политички инаети, труејќи и зголемувајќи ја канцерогената веројатност и на децата на самите пиромани. Има наставници кои криминално го утепуваат мозокот на децата со својата неспособност, а способните наставници или се плаќаат само за да преживеат или се без работа!

Имаме доктори кои дипломирале од зорт и нивните грешки ги погребуваат со пациентите, а способните лекари или ја напуштиле земјава или едвај чекаат да ја напуштат, бидејќи нивните услови за работа се навредливи! И, секако, имаме политичари кои сториле дела за во затвор, но не му се предаваат на затворот, честопати опкружени со политички советници кои командуваат министри, а ние немаме ниеден министер назначен како независен!

Ова е северно-македонска џунгла која, за разлика од амазонската џунгла која ни дава кислород, нашава ни го зема!
Враќајќи се повторно на катастрофата што се случува во јужноамериканските прашуми, Амазонија е поделена на 9 држави, од кои 60% во Бразил, а остатокот е поделен во други држави, а Франција се издвојува како единствената европска земја која располага со 1,4% од белите дробови на светот. Таа поседува толку малку, но нејзината реакција за случајов беше и останува огромна.

Како што споменавме погоре, беше францускиот претседател Макрон тој кој итно итно ја собра групата Г7. Но, да се задржиме на Бразил, земја која, според официјалните податоци, брои 210.147.125 жители, со површина од 8.515.767 км и е многу пати поголема од Северна Македонија. На 19 август, токму бразилскиот Сан Паоло се покри со пепел како во научно-фантастичните филмови затоа што шумите од Амазон беа опожарени.

Светот го сврте вниманието кон оваа држава, која веднаш го обвини актуелниот претседател г. Болсонаро дека како главен виновник за кризата заради неговата реторика, тврдејќи дека Амазон е од Бразил и прави што сака со него – напиша весникот Тајм, но впечатлив е фактот дека во 2017 година, владата го скрати за 44% државниот буџет за наука и подеднакво и буџетот на Агенцијата за животна средина, што звучи како една од најсмешните, наивни и драматични дејствија што една држава може да направи. Самиот Претседател го продолжил ова анти-дело со кратење на уште 24% во 2019 година и дојде до тоа Агенцијата за животна средина повеќе да нема средства за да ја спроведува нормално својата активност.

Работата дојде до тоа Болсонаро да се одмазди политички, отпуштајќи од работа еден агент за животна средина и го казни Болсонаро за нелегален риболов пред неколку години, или, пак, го отпушти од работа директорот на Бразилската просторна агенција, обвинувајќи го за искривување на фактите, со цел рушење на угледот на државата. Се разбира, во Македонија одмаздата на политичарите кога доаѓаат на власт е толку очекувана што никогаш не се плашиш и не се вознемируваш за тоа какво зло може да те снајде, но во Бразил се прави скандал за таа работа и за политичка амортизација, заради човековата неодговорност, му се заканува опасност на целиот свет, вклучително и на нас, што честопати, со право, се чувствуваме како да сме од Марс, но не, барем географски сме земјанци.

Благодарение на Бога, ние не сме држава која има територија во Амазон, инаку одамна ќе ја претворевме во пепел, или ќе станеше имот на владетелите каде наместо дрвја ќе имаше згради. Ќе ја бетониравме Амазонија, од џунгла со вегетација, во џунгла од тули и железо.

Освен големата загриженост што ја предизвикаа пожарите во шумите од Амазон на секој граѓанин на светот, постои и конкретен пример за тоа како со држење на власт на неодговорни политичари го загрозуваш твојот живот, во случајов не метафорички, туку реално!

Автор: д-р Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар

Слични Објави