|

Бесел: Откако самата призна, ДКСК да го истражи скандалот со Стаменковска во општина Гази Баба

Секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски вчера призна дека имала потпишано договор за дело со општината каде е вработена, рече Берат Бесел, советник во советот на Општина Гази Баба.

За тој договор Стаменковска како давател на услуги добивала хонорар од исто место од каде добива плата.

По ваквото признание на ред се да постапат надлежните институции. Ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи и да го истражи овој случај.

Ова, почитувани, е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека оваа партија освен за грабање на парите на граѓаните, не знае ништо друго.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави